Плановите на Киев за заземање на териториите што се под контрола од Русија се строго чувани, при што малку луѓе знаат за локацијата и времето на пролетната офанзива, преесува ДПА.
Најмногу три до пет луѓе знаат за плановите. Информациите за тоа каде, кога и како ќе почне една или друга акција на територијата на нашата земја се резервирани за мал круг луѓе, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Олексеј Данилов.
Тој додаде дека сите изјави дадени за планираната офанзива може и не мора да бидат вистинити.
Кога ќе почнат одредени воени акции. Украинц“, изјави тој.
Данилов навести дека планирањето на напад од големи размери е веќе завршено.
Имајте го ова на ум“, порача тој.
Во блиска иднина се очекува пролетна офанзива, при што украинските вооружени сили планираат да го употребат тешкото оружје и тенковите добиени од Запад.
Некои очекуваат украинските војници да извршат притисок кон крајбрежниот град Мелитопол, што би ги поделило руските сили. Сепак, руската војска значително ги прошири своите одбранбени позиции во последните месеци за да го спречи очекуваниот напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.