Вредноста на руската рубља достигна највисоко ниво во последните четири години во однос на американскиот долар, благодарение на чекорите на официјална Москва за поддршка на руската валута.
Како што објави агенцијата „Анадолија“, на почетокот на март, по почетокот на руската воена акција во Украина, за купување еден долар биле потребни 150 рубљи.
Затоао, пак, сега, по растот на вредноста на руската валута, за еден долар се доволни 57,1 рубља.
Оваа година рубљата стана најуспешната валута во светот со помош на контролата на капиталот и други финансиски мерки на руската влада, а една од нив е воведувањето на златна основа за валутата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.