Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.

 

Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале.

Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.