Бројот на загинати во есплозијата која попладнево се случи во центарот на Истанбул порасна на шест, додека над 50 лица се повредени. Нови видеа од нападот постојано се споделуваат по социјалните мрежи, откако турската полиција им забрани на телевизиите да ги објавуваат.
More videos keep coming to The moment of an explosion in Istiklal Street, the most famous street in the Turkish city of Istanbul pic.twitter.com/qok4oZUWqu
— vice news tonight (@ViceTonight) November 13, 2022
BREAKING: Footage shows moment of bomb explosion in central #Istanbul, in which at least 6 people have died.#taksim #istiklal #bombapic.twitter.com/YT4h2ZqLrd
— BNL NEWS (@BreakingNLive_) November 13, 2022
Иако официјално не е потврдена причината за експлозијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека се работи за терористички напад, во кој учествувала и жена.
Сторителите на овој страшен напад ќе бидат демаскирани. Нашето население нека биде безбедно, а сторителите ќе бидат казнети, рече тој два часа по експлозијата во Истиклал.
Турските медиуми јавија и дека стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул каде полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.