Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.
Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.
Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.