Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.
Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Пожарот сега е изгаснат.
Во возот патувале околу 50 луѓе.
Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Првично беше соопштено дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.