Вооружен маж влетал со автомобил на аеродромот во Хамбург. Според информациите непознатиот човек, ја пробил заштитната бариера и се упатил кон пистата. Локалните медиуми објавуваат дека на терминалот пристигнал со автомобил Ауди.

Аеродромот во моментов е блокиран, а во возилото со мажот наводно се и неговите две деца, како што пренесува „Билд“. Неговата сопруга, според објавените информации, ја алармирала полицијата и во итен повик рекла дека нејзиниот сопруг бил во автомобилот со децата и брза кон аеродромот. Мажот предизвикал неколку пожари во делот на аеродромот, како и дека неколку пати пукал од своето возило со деца во него.

Полициски хеликоптери го надлетуваат аеродромот и патролираат во областа во потрага по сомнителен автомобил, а воздушниот сообраќај е во прекин. Според првите информации, полицијата веднаш реагирала и испратила хеликоптери на аеродромот, за што побрзо да го фатат вознемирувачкиот човек. Надлежните ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не се приближуваат до аеродромот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.