Вонредна состојба е прогласена во регионот Нијагара во канадската провинција Онтарио поради над милион посетители кои се очекуваат за време на најавеното затемнување на Сонцето, кое се случува кога Месечината поминува меѓу Земјата и Сонцето.

Претставниците на регионот Нијагара објавија дека започнале подготовките за добредојде на околу еден милион посетители кои се очекуваат во регионот откако Нијагарините водопади беа идентификувани како едно од најдобрите места за гледање на целосното затемнување на Сонцето на 8 април.

Властите соопштија дека се подготвуваат да се справат со ситуации како што се сообраќаен метеж, зголемена побарувачка за услуги за прва помош и преоптоварени мобилни телефонски мрежи.

Во овој контекст, тие соопштија дека во регионот е прогласена вонредна состојба.

Градоначалникот Џим Диодати рече дека бројот на еднодневни посетители на градот ќе достигне рекордно ниво.

Целосното затемнување на Сонцето на 8 април може да се види од Мексико, источниот дел на САД и југоисточна Канада.

Последното затемнување на Сонцето во регионот на Нијагара било во 1979 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.