Откако почна контраофанзивата во Украина, украинските вооружени сили на Украина се шокирани од силата на руската одбрана, пишува „Волстрит џурнал“.
Публикацијата објаснува дека руските сили имаат подготвено најмалку три линии на одбрана. Ископани се ровови со трактори и зајакнати со бетон. Подготвени се и засолништа за тенкови и друга опрема.
Ова се релативно едноставни работи, но кога сето тоа ќе се собере заедно, добивате голем систем за заштита“, изјавил неименуван офицер на вооружените сили на Украина.
Од весникот пишуваат дека во неколкуте недели колку што трае контраофанзивата, украинските сили сè уште не успеале да стигнат ниту до првата линија на одбрана, туку „ја туркаат“ прелиминарната линија на рускиот одбранбен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.