Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, изјави дека Русија не може да се чувствува безбедно додека Украина не се согласи на неутрален и ненуклеарен статус.
Операцијата има за цел да ја обезбеди безбедноста на граѓаните на Руската Федерација, како во нашата земја, така и на територијата на ДНР и ЛНР, со што би се обезбедил мир во иднина и способност на земјата да се развива – изјави Воловдин за радиото Комсомолскаја Правда.
Сепак, Володин додаде дека се отфрлени предлозите на Русија за Украина да стане неутрална и ненуклеарна земја.
Се додека не се донесе таква одлука, не можеме да се чувствуваме безбедни – изјави претседателот на Думата и нагласи дека Русија не планира воена мобилизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.