Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА.
Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во оваа операција на полицијата, изјави за ДПА портпаролот на Воената контраразузнавачка служба (МАД).
Куќата на војникот и неговата канцеларија во касарната „Граф Цепелин“, во покраината Баден-Виртемберг, се претресени како дел од националните рации против движењето, кое не го признава постоењето на германската држава, а наводно, според пишувањњето на медиумите, се подготвувало да изведе и државен удар .
Германските меидуми јавуваат дека полицијатга изведе рации на 130 локации, во 11 од 16-те германски сојузни покраини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.