Војната во Украина е водена од интересите на неколку „царства“, не само на Русија, рече во интервју папата Франциско. Франциско рече дека конфликтот бил поттикнат од „империјалните интереси, не само на руското царство“, туку и на царствата од другите делови на светот.
Папата даде интервју за италијанско-швајцарската телевизија РСИ кое треба да се емитува во недела. Извадоци беа објавени во петокот од италијанските дневни весници Република, Стампа и Кориере дела сера.
Тој изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за да повика на мир. Франциско, кој има 86 години и ја одбележува 10-годишнината од изборот на 13 март, исто така рече дека ќе поднесе оставка ако премногу се измори и ја загуби способноста да раководи со Римокатоличката црква.
Минатиот месец рече дека папските оставки треба да се случат само во исклучителни околности. Неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември минатата година на 95-годишна возраст, стана првиот папа што поднесе оставка по околу 600 години, кога се повлече во 2013 година.
Запрашан што би го натерало да ја донесе истата одлука да даде оставка, Франциско рече: „Замор поради кој не ги гледате јасно работите. Недостаток на јасност, недостаток на знаење како да се процени ситуацијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.