Од почетокот на војната во Украина, украинските производители ја снабдиле Русија со резервни делови за авиони и хеликоптери во вредност од 370 милиони рубли (3,79 милиони евра).

Харковската машинска компанија „Авиа ФЕД“ извезла најмногу делови во Русија – 120 милиони рубли (1,23 милиони евра). Радарската фабрика во Киев испорачала резервни делови за локациски станици за хеликоптери Ка-32 во вредност од 67 милиони рубли (690.000 евра). Дополнително, компанијата „Моторсич“ (испорачува делови за поправка на моторите Ан-24 и Ан-12), фабриката „Артем“ во Киев, Бирото за дизајн на генератори во Харков, Унијата на генератори „Волчан“ и неколку други производители ја снабдувале руската комапнија „Авиа ФЕД“ со нивните производи за уште 170 милиони рубли (1,74 милиони евра).

Меѓу увозниците на украинските авијациски делови има клиенти како руското Министерство за одбрана, државната корпорација „Ростек“, па дури и претседателската специјална воздухопловна единица „Русија“ на Владимир Путин.

Севкупно, за време на војната, Украина и продала на Русија делови за авиони во вредност од најмалку 650 милиони рубли (6,65 милиони). Освен од Украина, Русија увезувала залихи и од Франција, САД и Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.