Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.

Во текот на ноќта Пјонгјанг лансираше балони полни со ѓубре, а околу 100 балони пристигнаа главно во северните делови на земјата, но и во главниот град Сеул.

Kесите прикачени на балоните содржеле „најчесто отпад од хартија“, соопшти војската, додавајќи дека балоните не претставуваат закана за јавната безбедност.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг.

Северна Кореја досега испрати повеќе од илјада балони со ѓубре на југот како одговор на пропагандните балони испратени на север од јужнокорејски активисти.

Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.