На социјалните мрежи е објавена снимка од хаотичноста на војната во Украина, во која, периодов, најжестоки борби на терен меѓу руската и украинската војска се водат во областа на Херсон.

Снимката е направена од камера поставена на тенк кој наводно припаѓа на 25-та бригада на украинската армија.

На снимката прво се гледа како изгледаат борбените дејствија од оклопен транспортер МТ ЛБ, а подоцна и од тенк Т-72 чија екипа почнала да се пробива кон непријателските редови. Во еден момент, на него налетал руски воен конвој со артилериско оружје, оклопни транспортери и тенкови, по што следува жестока битка, која е снимена од екипажот на украинскиот тенк

Видеото е комбинација од борбеното дејство на неколку тенкови, но највпечатлив дел е посебниот дел каде што може да се види блиската средба со руската колона и огнената пресметка меѓу пешадија и оклопните возила.

Оваа битка, судејќи според снимката, завршила со повлекување на Украинците, а командантот на тенкот, имал голема среќа што ја избегнал смртта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.