Воениот експерт Томас Виголд изјави дека рускиот потенцијал за одвраќање не е ограничен само на нуклеарно оружје и додаде дека е важно да има директни канали за комуникација како што некогаш постоел „црвениот телефон“, пишува денеска Дојче Веле.
Најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека го става на готовност оружјето за одвраќање е јасен заканувачки потег против земјите на НАТО, истакна Виголд.
Оружјето за одвраќање не го вклучува само руското нуклеарно оружје, туку и хиперсоничното, нагласи воениот експерт, додавајќи дека она што е заедничко за овие оружја е дека „одбраната од нив е тешко можна“.
Виголд потсети дека Русија слично се закануваше и по анексијата на Крим во 2014 година, но додаде дека не е можно „вистински да се процени што навистина се крие зад тоа, што тоа навистина значи во моментов“.
Според него, за да се смири ситуацијата, потребно е да се водат што е можно директни разговори, САД и НАТО од една, и Русија од друга страна.
Во текот на Студената војна беа воспоставени начини за меѓусебен разговор, механизми за избегнување конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.