Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската авијација соборила украински ловец МиГ-29, а единиците за противвоздушна одбрана срушиле транспортен авион Ан-26, кој превезувал оружје и опрема.

За време на воздушната битка во регионот Славјанск, во Доњецката Народна Република, беше соборен авион МиГ-29 на украинските воздухопловни сили. Руските ПВО системи во регионот Одеса срушиле авион АН-26 кој пренесувал воена опрема – соопшти официјалниот претставник руското минисетсртво за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој додаде дека во последните 24 часа биле уништени 10 дронови, меѓу кои и еден „Бајрактар ​​ТБ2“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.