За осум дена, колку што трае руската инвазија врз Украина, загинаа 28 деца, а 64 се ранети во руските напади.
Информацијата ја соопшти Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател за правата на децата и рехабилитација, јави Укринформ.
Уништени се породилишта, градинки, училишта. Околу еден и пол милион деца, останаа во области погодени од гранатирање и под опсада, вклучувајќи сирачиња и млади со попреченост на кои им е потребна итна помош, појасни Херасимчук.
На 24 февруари, рускиот претседател, Владимир Путин ѝ објави војна на Украина и започна инвазија од големи размери.
Во земјата беше воведена воена состојба, се најави и општа мобилизација.
Украина поднесе тужба против Руската Федерација до Кривичниот суд на ОН во Хаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.