Бројот на баратели на азил кои чекаат одлука за нивниот случај во Велика Британија се искачи на рекордно ниво, па така во 2022 година 89.000 лица поднеле барање за азил во таа земја, што е најголем број во последните 19 години.

Во моментов 166.000 луѓе чекаат одговор, а од таа бројка 110.000 чекаат одговор шест месеци и повеќе, покажуваат вчера објавените податоци на МВР, пренесе „Би-Би-Си“.

Британската Влада соопшти дека го укинува претходното барање на околу 12.000 баратели на азил да им бидат направени интервјуа „лице в лице“ и наместо тоа тие ќе пополнуваат прашалници.

На сите баратели на азил и натаму ќе им бидат извршени задолжителни безбедносни проверки, а барања на тие кои нема да го пополнат прашалникот ќе им бидат повлечени.

Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, Еритреја, Јемен, Либија и Авганистан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.