Во Измир вчера е уапсена една жена под обвинение дека поттикнувала омраза и го навредувала претседателот Реџеп Тајип Ердоган бидејќи забранил користење на Инстаграм.

Инстаграм беше забранет во Турција од 2 до 10 август поради непочитување на „законите и правилата“. Забраната на Инстаграм уследи откако висок турски функционер ја обвини социјалната мрежа дека блокира објави во кои се изразува сочувство за убиството на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханија.

Уапсената жена е една од неколкуте минувачи кои минатата недела беа прашани што мислат за забраната на Инстаграм, а одговорите беа објавени на Јутјуб.

– Тоа е погрешно. Претседателот не може да го забрани Инстаграм, изјави уапсената жена, која ги критикуваше Ердоган и тие кои ја поддржуваат забраната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.