Во големото народно собрание на Турција (Турскиот парламент) почнало собирање потписи за повлекување на земјата од НАТО.

На оваа иницијатива се приклучиле и научници, новинари и културни работници.

Според извори од Турција, најавено е дека резултатите ќе бидат претставени пред турскиот парламент.

Мотивацијата зад собирањето потписи е „дека Турција е голема и независна земја способна да се брани, а НАТО е веројатно корисен за малите и слабите земји без суверенитет“. Во иницијативата се додава дека „американските бази на територијата на Турција се срам за земјата, а не гарант за безбедноста“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.