Околу 130 лица вклучени во изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот се уапсени или издадени се налози за нивно апсење во Турција.

Досега е утврдено дека во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и северна Сирија загинаа најмалку 28.191 лице, а 80.000 се повредени, а тој број сигурно ќе расте.

Турција има правила за градба за заштита на зградите од земјотреси, но тие ретко се спроведуваат, што е една од причините за уривање на илјадници згради.

Турскиот потпретседател Фуат Октај синоќа изјави дека се издадени налози за апсење на 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите.

Турскиот министер за правда вети дека ќе ги казни одговорните, а обвинителите почнаа да собираат примероци од зградите како доказ за тоа какви материјали се користени за нивна изградба.

Земјотресите беа силни, но експертите сметаат дека лошата градба е виновна за разурнувањата и толку многу жртви.

Турското Министерство за правда вчера објави дека планира да формира биро за „истрага на криминал од земјотрес“ за да ги идентификува изведувачите и другите одговорни, да собира докази и да ги провери градежните дозволи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.