Главната опозициска партија во Турција денеска ги поддржа протестите воз целата земја поради зголемувањето на цените на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината.

Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, што е највисока во последните 20 години, откако цената на струјата, гасот и патарините пораснаа на почетокот на годината.

Струјата е човеково право. Тоа мора да биде достапно, изјави за новинарите Али Хикмет Акили, лидер на Републиканската народна партија во Анкара.

Во знак на протест против поскапувањето на електричната енергија, голем дел од баровите, рестораните и продавниците на своите излози ги закачија сметките за струја.

Владата размислува како да го реши проблемот со поскапувањето на електричната енергија, по барањата на работодавачите и невладините организации, изјави денеска турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.