Околу 30 нафтени и гасни инсталации од американскиот басен Перм, во Тексас и Ново Мексико, веќе три години испуштаат зголемени количества метан, создавајќи загадување еднакво на тоа од половина милион автомобили, се наведува во извештај на Фондот за заштита на животната средина и истражувачката група „Carbon Mapper“.

„Суперемитерите“, како што ги нарекуваат во извештајот од истражувањето, се наоѓаат во најпродуктивното нафтено поле во САД. Тие сочинуваат само 0,001 отсто од инфраструктурата за нафта и гас во Пермскиот басен, но испуштаат околу 100.000 тони метан годишно.

Ова значи дека со спречување на истекувањето, компаниите ќе имаат моментна можност да помогнат во исполнување на американските и меѓународните цели за намалување на метанот и да заштедат околу 26 милиони долари вреден природен гас.

Извештајот покажа дека големи извори на емисии се преплетуваат во разновидната инфраструктура и оператори со нафта и гас во Пермскиот басен.

Метанот е втората најголема причина за климатските промени по јаглерод диоксидот. Има голем потенцијал за задржување на топлина и релативно краток животен век во атмосферата, што значи дека намалувањето на неговите емисии би можело да има огромно влијание врз траекторијата на климата во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.