Четири лица загинаа вчера откако амбулантно возило удри во детски автобус и се запали во тунел во близина на градот Урбино, во италијанската област Марке. Загинаа тројца болничари и еден пациент кои се превезуваа во болница со амбулантното возило, јавуваат италијанските медиуми.
Хеликоптер беше испратен од болницата во Анкона, главниот град на регионот Марке, но пристигна предоцна за да ги спаси животите на повредените.
Во несреќата не се повредени децата од автобусот од јужниот дел на тој регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.