Јулија Мендел, која работеше како портпаролка и советник за медиуми на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на „Твитер“ објави на какви очајнички потези се одлучуваат украинските. Тие ги запишуваат основните податоци и контакти на грбот на нивните деца во случај родителите да бидат убиени од страна на руските војници, сè со цел луѓето што ќе ги пронајдат децата да може да добијат помош.

Украинската мајка Олександра Маковиј го напиша името на ќерката, датумот на раѓање, телефонските броеви на телото на нејзината ќерка, за да може некој да ѝ помогне на девојчето доколку се изгуби или загине во војната. Таа рече дека дури се прашувала зошто не се тетовирала со оваа информација, напиша Мендел.

Според последните информации на украинските власти, во војната досега загинале 165 деца, а 266 се повредени. Но, напоменуваат дека тоа не се целосни податоци бидејќи голем дел од земјата сè уште е под руска окупација, па се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.