Еден од лидерите на Исламска држава, Хамза ал Хомси е убиен, а четворица американски војници се ранети во напад на американски хеликоптер во североисточна Сирија, соопшти американското Министерство за одбрана.
Ранети се четворица американски војници и едно работно куче, додека командантот на ИСИС е убиен – се наведува во соопштението.
Операцијата беше спроведена во четвртокот вечерта во партнерство со Сириските демократски сили предводени од Курдите, кои се сојузници со САД, пренесува АП.
Не беше прецизирано во кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот.
И покрај поразот во Сирија во март 2019 година, т.н Заспани ќелии на ИД продолжуваат да вршат напади низ Сирија и Ирак каде што некогаш прогласија калифат.
Заедничките операции на американската војска и борците на СДФ се вообичаени во североисточна и источна Сирија, долж границата со Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.