Шпанската полиција, заедно со царинските органи, успеаја да зададат голем удар против меѓународниот шверц на дрога, пренесува ДПА.
Полицајците откриле огромно количество од 7,2 тони кокаин во контејнер со замрзната риба од Јужна Америка, објавија радио станицата Кадена Сер и весниците Фаро де Виго и Воз де Галиција, повикувајќи се на истражни извори.
Приведени се четири лица. Станува збор за најголемото количество кокаин во подолг период кое било пресретнато во регионот на Галиција во северозападна Шпанија, наведува „Кадена Сер“.
Првично беше нејасно од која јужноамериканска земја потекнува контејнерот, пишуваат медиумите.
Уличната вредност одговара на околу 500 милиони евра (539,5 милиони долари) по цени од 60 до 80 евра за грам кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.