Во две акции на шпанската полиција уапси се петмина милитантни исламисти, осомничени за финансирање терористички организации и регрутирање борци за џихадисти.

Шпанската полиција, во соработка со Центарот за борба против тероризмот на Европол, спроведе акција против џихадистите, меѓу кои и оние кои оперираат преку Интернет. Уапсени се вкупно петмина осомничени исламисти, членови на таканаречената Исламска држава.

Осомничените се уапсени во последните две недели.

Апсењата се резултат на две одделни акции насочени кон ќелиите на милитантните исламисти кои дејствуваат на шпанска територија.

Европол соопшти дека во првата акција под кодното име КИТАЛ, уапсени се три лица во Барселона, Жирона и Валенсија, а кои се осомничени за финансирање тероризам. Главниот осомничен, наводно, користел сложена компјутерска шема за финансирање терористички групи стационирани во Либија, кои се поврзани со Исламската држава. Инспекторите веруваат дека тој бил во директен контакт со водачите на исламистичките групи.

Во втората акција, со кодно име ФАРКОЛ, во шпанскиот град Мелила уапсени на две лица, осомничени за регрутирање млади борци на Исламската држава. Полицијата истрагата ја почнале пред две години, откако открила видео клип што служел за индоктринирање на потенцијалните борци на Исламската држава. Се претпоставува дека видеото го направиле и растурале двајцата осомничени.

Европол во соопштението додава дека сите осомничени се изведени пред судија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.