Во Романија веќе трет ден се бележат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени.
До утрово во Романија се забележани вкупно 50 земјотреси од кои повеќето биле со послаб интензитет и се последица на смирување на тлото.

Според податоците на веб-страницата на Сеизмолошкиот институт на Србија, по магнитудата 5,7 во Романија имало уште два земјотреси посилни од 4, шест посилни од 3, додека останатите биле над 2 степени. пренесува Данас.рс.
Геолошкиот институт на САД УСГС соопшти дека земјотресот се случил во округот Горџ, на многу мала длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.