Во поплавите во бразилската држава Пернамбуко во североисточниот дел на Бразил загина 91 лице, соопштија денеска локалните власти. Локалните и федералните спасувачки служби ја пребаруваат областа барајќи 26 лица кои моментално се водат како исчезнати. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

За жал, вакви катастрофи се случуваат во земја со големина на континентот. Сите сме тажни. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Нашата поширока цел е да ги утешиме семејствата и да му помогнеме на населението со материјални средства, рече Болсонаро.

Бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира најави дека Владата работи на доделување пари за општините кои прогласија вонредна состојба. Експертите проценуваат дека климатските промени придонесуваат за посилни врнежи.

Бразилскиот меѓудржавен панел за климатски промени го посочи Ресифе, главниот град на Пернамбуко, како еден од најранливите градови во светот. Претставници на цивилната одбрана во Пернамбуко соопштија дека 5.000 луѓе се раселени поради поплавите и предупредија на високиот ризик од лизгање на земјиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.