Пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова.
„Нови ѕверства на руската армија се откриени во регионот на Киев: нападнат е конвој за евакуација на деца. Во подрум на куќата се пронајдени тела на шест застрелани цивили. Обвинителите веќе го оценуваат обемот на убиствата на цивили како злосторства против човештвото“, напиша на Твитер Венедиктова.
Таа објави фотографии од телата, меѓу кои има најмалку едно дете
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.