Забраната за влез на руски туристи во Норвешка стапува денеска на сила по налог на владата на земјата, која го најави овој потег минатата недела.

Транзитните патувања низ Норвешка до други европски земји, вклучително и Финска, исто така сега се оневозможени. Како што претходно прецизираше норвешката влада, новите правила нема да важат за Русите кои патуваат во Норвешка за да ги посетат блиските роднини, за имателите на потврди дека се жители на граничната област, студентските и работните визи, како и дозволите за престој во земјите на Шенген зоната.

Норвешките погранични службеници ќе имаат право да им одбијат влез во земјата на Руси со повеќегодишни туристички визи претходно издадени од самата Норвешка или од други земји од Шенген. Норвешка не издава туристички визи за Русите од 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.