Властите на Њујорк прогласија вонредна епидемиолошка состојба поради ширењето на мајмуни сипаници, пренесоа светските агенции.
Според градоначалникот Ерик Адамс, околу 150.000 луѓе се изложени на ризик од инфекција.
Прогласувањето вонредна состојба ќе им овозможи на властите да издаваат регулативи насочени кон забавување на ширењето на заразата.
Од петокот, во целата држава Њујорк имало 1.345 заразени, а само во метрополата 1.289.
Следна е државата Калифорнија со 799 случаи на заразени.
Според гувернерката на државата Њујорк, Кети Хокел, таму се примени 170.000 дози од вакцината против мајмунски сипаници, а властите неодамна набавиле повеќе од 110.000 дополнителни дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.