Највисокиот руски генерал на воздухопловните сили e убиен во нападите врз Крим во средата, јавува Newsweek, повикувајќи се на локални извори.
Информација ја потврдија и повеќе руски телеграми, вклучувајќи го и Кримскиот ветер, објавувајќи дека генерал-полковникот на руските воздухопловни сили Александар Татаренко бил убиен за време на украинскиот напад на воениот аеродром Белбек во Крим.
Како резултат на ударот загинале 10 – член руски воен персонал, вклучително и командантот на авијациската ескадрила, генерал-полковник Александар Татаренко.
And another one bites the dust…
Russian media report that the commander of the aviation unit at Belbek air base in Ukraine's Russian-occupied Crimea, Lieutenant General Alexander Tatarenko, was killed in a Ukrainian missile strike on the air base. pic.twitter.com/iPD93tRB0F
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) February 2, 2024
Татаренко беше генерал задолжен за воздухопловната база Белбек, најразвиената база на воздухопловните сили на Руската Федерација во регионот на Црното Море.
Инаку Татаренко (63) служел на Далечниот Исток на Русија, Урал, Сибир и северните региони на земјата. Тој бил назначен за командант на 14-тата воено-воздухопловна армија на Русија на Централниот воен округ на Руската Федерација во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.