Шефот на италијанската мафија, Марко Радуано (40), кој на 24 февруари минатата година побегна од силно обезбедуваното крило на италијанскиот затвор Нуоро, користејќи чаршафи за да се спушти по ѕидот, е уапсен на Корзика, Франција.

Радуано, инаку шеф на мафијата Гаргано во јужниот италијански регион Пуља, бил фатен во четвртокот пред луксузен ресторан во Бастија, Корзика, каде што вечерал со жена.

Тој беше уапсен од истата антимафијашка единица која го фати Матео Месина Денаро, уште еден криминален бос кој помина речиси три децении во бегство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.