Во украинскиот град Мариупол, луѓето топат снег и собираат дождовница затоа што немаат вода. Ова го раскажа вработен во хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Нема вода, струја, греење и сигнал за мобилни телефони, а аптеките се без лекови.
„Гранатирањето синоќа беше сè поблиску. Синоќа собиравме снег и дождовница за да имаме вода. Се обидовме да стигнеме до вода што ја делат властите, но редот беше преголем, напиша тој на социјалните мрежи, пренесува „Би-Би-Си“.
Евакуацијата на граѓани што беше договорена меѓу Русија и Украина запре, поради пукање и се повлечени околу 400 жители.
Украинците ги обвинија Русите дека го гранатирале конвојот, а Русите одговорија дека за прекинот на привременото затишје е одговорна украинската страна. Хуманитарни коридори требаше да им овозможат на цивилите да ги напуштат градовите кои се под опсада. Излезот на цивили беше договорен на втората рунда преговори. Maриупол со 400.000 жители е стратешка точка за руската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.