Денешниот пропалестинскиот марш во Лондон се совпадна со Денот на примирјето, со кој се оддава почит на загинатите во Првата светска војна. Поради оваа причина, во исто време кога беше организиран марш по повод свечениот ден, се одржа и контра средба на националистите кои не дозволуваат пропалестински протести.
Поради тоа, дојде до конфликт меѓу насобраните по повод денот на сеќавањето и демонстрантите револтирани од она што се случува во Газа. Ова поттикна некои британски политичари, заедно со дел од британскиот печат, да повикаат на запирање на пропалестинскиот марш овој викенд. Сепак, тоа не се случи, но затоа премиерот Риши Сунак повика на мирни демонстрации.
„Поради оние кои се бореле за оваа земја и слободата што ја негуваме, оние кои сакаат да протестираат можат да го сторат тоа, но мора да го сторат тоа со почит и мирно, порача синоќа Сунак.
Учесниците на денешниот контра-митингот во кинескиот кварт фрлале предмети кон полицајците, обидувајќи се да испровоцираат нереди.. Полицијата подоцна соопшти дека е приведена поголема група контрадемонстранти.
Речиси 2.000 полицајци се на должност, со дополнителни овластувања да ги заштитат знаменитостите во чест на британските загинати војници, имајќи предвид дека се очекуваат повеќе од 100.000 пропалестински поддржувачи.
Демонстрантите носат палестински знамиња и држат плакати со пароли на кои пишува: „Слободна Палестина“, „Рацете подалеку од Ал Акса“, „Крај на израелскиот апартхејд“, „Крај на опсадата“ и „Бајден убиец на бебиња, престанете да го вооружувате Израел“, пренесува Гардијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.