Во Литванија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а актуелниот претседател Гитанас Наузеда, кој освои најмногу гласови во првиот круг, се очекува да добие уште еден мандат.

Наузеда (60), поранешен економист во шведската банкарска групација СЕБ, кој е независен кандидат, освои 44 отсто од гласовите во првиот круг од изборите одржани на 12 мај.

Негов противкандидат е премиерката на Литванија Ингрида Шимонита (49) од владејачката централно-десничарска партија Татковинска унија, која освои 20 отсто од гласовите во првиот круг.

Литванија, земја членка на Европската Унија, има околу 2,4 милиони гласачи кои имаат право на глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.