Тунис побарал екстрадиција на радикализираниот Тунижанец кој во понеделникот уби двајца Швеѓани во Брисел, откако во 2011 година побегнал од затвор во кој издржувал 26-годишна затворска казна, а белгиските власти го добиле барањето минатата година, објави јавното обвинителство во Брисел.
Барањето за екстрадиција, кое белгиските власти го добиле во август 2022 година, потоа не било обработено од надлежниот судија од државното правобранителство во Брисел, до кого било проследено две седмици подоцна. Станувазбор за „огромна грешка“ што резултираше со оставка на белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн во петокот вечерта.
Во неделата, шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Брисел, Тим Де Волф, изјави за новинарите дека „сериозен недостиг од персонал во канцеларијата на јавното обвинителство во Брисел одигра улога во сево ова“, но дека „тоа не е оправдување“.
Призна дека откако било примено, досието несомнено било заборавено меѓу останатите судски предмети во фиока.
„Никој од колегите кои беа инволвирани во овој случај не се сеќава што конкретно се случило со ова досие пред една година. Нема траги од понатамошна обработка“, објасни Де Волф.
Сторителот на нападот во понеделникот вечерта, Абдесалем Ласуед, бил осуден „на повеќе од 26 години затвор во Тунис во 2005 година, но избегал од таму во јануари 2011 година“. Обвинителството соопшти дека туниските власти тоа „го пријавиле на 1. јули 2022 година преку Интерпол“. Но, тогаш во документот се споменува само барање за негова екстрадиција „поради бегство од затвор“, што според белгискиот закон не е прекршок.
Во саботата вечерта министерката за внатрешни работи Анели Верлинден објасни дека поради недостиг од поединости во првата „црвена потерница“ на Интерпол во потрага по Ласуед, случајот веднаш не добил правен третман.
Во неделата обвинителството не прецизираше зошто Тунижанецот е осуден во неговата земја. Неколку белгиски весници пишуваат дека Ласуед е прогласен за виновен за неколку обиди за убиства.
Нападот, чија цел беа шведските фудбалски навивачи во понеделникот вечерта, пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2024 против Белгија, повторно ја разгоре дебатата за степенот до кој белгиските безбедносни сили се способни да ги следат радикализираните поединци, особено службата за имиграција.
Според првите елементи од истрагата, Абдесалем ал-Ѓулани, како што беше идентификуваа осомничениот убиец кој загина во престрелка со белгиската полиција, тунискиот државјанин нелегално живеел во бриселскиот квар Схарбек. Тој во ноември 2019 година поднел барање за азил, кое било одбиено една година подоцна. Меѓутоа, полиција потоа не успеала да го пронајде за да му го врачи решението дека мора да ја напушти Белгија. Полицијата го сомничела и за трговија со луѓе, нелегален престој во земјата и напад врз безбедноста на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.