Руското Министерство за одбрана соопшти дека продолжуваат борбите во западниот дел на областа Курск по украинскиот напад.
За време на воздушните напади Русите тврдат дека користеле и термобарично оружје, таканаречена вакуумска бомба.
Притисокот создаден од експлозијата може буквално да ги „испари“ човечките тела и да предизвика застрашувачки повреди, пишува „Скај њуз“.
Ова не е прв пат Москва да користи вакво оружје, бидејќи украинските власти тврдеа дека било употребено само неколку недели по почетокот на војната во февруари 2022 година.
Употребата на вакуум бомби не претставува кршење на меѓународното право, пишува „Скај њуз“.
Термобаричното оружје, познато и како аеросолна бомба, работи на две нивоа.
Полнењето во првата фаза дистрибуира аеросол составен од многу фин материјал, од гориво базирано на јаглерод до фини метални честички. Вториот полнеж го запали тој облак, создавајќи огнена топка, огромен ударен бран и вакуум додека го вшмукува целиот околен кислород.
Експлозивниот бран може да трае значително подолго од конвенционалните експлозиви и е способен да ги распадне човечките тела.
Видеото направено пред околу една година, покажува експлозија на руска термобарична бомба.
Русија евакуираше повеќе од 76.000 луѓе од пограничните области во западниот регион Курск додека украинската војска продолжува со својата прекугранична офанзива.
Повеќе од 76.000 луѓе се привремено преместени на безбедни места“, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи локален функционер на брифинг со новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.