Голем број училишта и владини канцеларии, како и делови од автопатиштата кои водат до областа Денвер денеска се затворени откако американската сојузна држава Колорадо беше погодена од снежна бура.

Нашиот град не видел вакво невреме неколку години, објави вчера на платформата Икс, градоначалникот на Денвер, Мајк Џонстон. Дождот се претвори во снег во областа Денвер.

Во ова подрачје се очекува да наврнат од 25 до 50 сантиметри снег, а во западните предградија до 60 сантиметри, соопшти американската Национална метеоролошката служба.

Екипите се на терен и се обидуваат да ги расчистат патиштата. Поради невремето на меѓународниот аеродром во Денвер но најмалку неколку стотици летови беа откажани или одложени во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.