Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан.
Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките во земјата, се чини, предизвикуваат повеќе смртни случаи, отколку самиот вирус.
Денеска се евидентирани 4.988 нови случаи, со зголемен број на лица со асимптоматски инфекции, нешто што Кина го регистрира одделно. Грижите се зголемуваат во Шангај, град од околу 25 милиони луѓе, што евидентираше 1.609 нови случаи. Над 1.500 од нив се асимптоматски – остро зголемување од 979-те од претходниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.