Во немирите во Казахстан загинаа 16 припадници на безбедносните сили, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Министерството за внатрешни работи.
Прес-службата соопшти за повеќе од 1.300 ранети полицајци, војници и борци од Националната гарда.
Во немирите се приведени повеќе од 5.100 луѓе. Полицијата приведе околу 300 луѓе кои се обиделе да го напуштат Казахстан“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Казахстанското Министерство за трговија истакна дека нема проблем со снабдувањето со храна. Сепак, на берзите им се советува да не продолжуваат со работа додека не се стабилизира ситуацијата во земјата.
Ситуацијата во главниот град Нур Султан е мирна, јавниот превоз се движи и вратена е кабелската интернет конекција, но не и мобилниот интернет, јави ТАСС.
Во Алмати, најнаселениот град во Казахстан, кој стана епицентар на немирите, супермаркетите повторно ќе бидат отворени, но со намалено работно време.
Воздушниот транспорт во Казахстан постепено се воспоставува. Денеска е планирано да се реализираат 38 меѓународни летови, а 29 се откажани, соопшти Министерството за индустрија и развој на инфраструктурата.
„Аеродромот Алмати како целина сега е технички подготвен да продолжи со работа. Но, тоа ќе се случи кога ќе се стабилизира состојбата во градот“, велат од Министерството за индустрија.
На 2 јануари во голем број населени места во Казахстан започнаа протести против поскапувањето на горивата. Неколку дена подоцна тие се претворија во масовни немири и напади врз владата во многу градови.
Државната телевизија вчера објави за повеќе од 40 жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.