Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа, животот го загубија најмалку седум новинари, десетмина се ранети, а двајца новинари се водат за исчезнати, јавува Анадолија.

Владината канцеларија за медиуми во Газа ги објави и имињата на загинатите новинари, Саид ал Тавил, Мухамед Суб, Хишам ен Навачихе, Ибрахим Лафи, Мухамед Чергун, Мухамед ел Салихи, Есад Семлах, додека Нидал ал Вахиди и Хајтам Абдулвахид се регистрирани како исчезнати.

Во соопштението се наведува и дека 40 медиумски институции биле целосно или делумно оштетени при израелското бомбардирање на цивилните населби во Газа.

Во меѓувреме, палестинското Министерство за информации објави соопштение во кое се наведува дека домови, училишта, медицински институции и владини згради се срамнети со земја во Газа во израелските воздушни напади кои продолжија и денеска.

Детален преглед на ситуацијата:
Згради:

Целосно уништени: 168 згради, вклучувајќи 1.009 станбени единици

Делумно уништени: 12.630 станбени единици.

Медицински установи: 10 бомбардирани

Амбулантни возила: 12 амбулантни возила се директно таргетирани

Училишта: Уништени 48 училишта

Владини згради: 23 уништени

Петмина членови на медицински персонал загинаа, а раселените луѓе во Газа сега се засолнуваат во 70 центри поради континуираните воздушни напади, се вели во соопштението.

Од друга страна, Министерството за здравство на Израел соопшти дека до 19 часот, на 2.901 повредени лица од нападите на Хамас им била пружена помош во болниците во државата од саботата наутро.

Петстотини триесет и пет лица се уште се хоспитализирани, од кои повеќе од 100 се во тешка здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.