Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) загинал во израелски воздушен напад врз Бејрут“, во кој беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Иранската државна новинска агенција објави дека генералот Нилфорушан бил под американски санкции.
САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно одговорна за задушување на граѓанските протести во Иран“.
Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по неколкумесечните протести поради смртта на Махса Амини, која беше уапсена поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор.
Нилфорушан служеше и во Сирија поддржувајќи го претседателот Башар ал Асад во повеќедецениската граѓанска војна, а служеше и во Иранско-ирачката војна во 1980-тите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.