Израелскиот артилериски напад во јужен Либан погоди група новинари од неколку медиуми кои беа јасно означени како печат, при што загина снимател на Ројтерс, а шест новинари се повредени, пренесуваат американските медиуми.

Некои од нив биле итно пренесени во болниците со амбулантни возила.

Гранатирањето се случи за време на размена на оган долж границата меѓу Либан и Израел меѓу израелските трупи и членовите на либанската милитантна група Хезболах.

Новинари од целиот свет доаѓаат во Либан поради загриженост дека би можело да избие војна меѓу Хезболах и Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.