Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога.

„Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија.

Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за правење каптагон апчиња“, но не прецизираше дали имало апсења.

Се проценува дека во Ирак, кој граничи со Сирија, Саудиска Арабија и Кувајт, има неколку фабрики за производство на оваа синтетичка дрога од групата амфетамини.

Во последните години во Ирак е зголемено производството и потрошувачката на овој наркотик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.