Индија од денеска почна со вакцинирање деца на возраст од 15 до 18 години во обид да ја заштити најголемата адолесцентна популација во светот, стравувајќи дека многу заразната варијанта Омикрон може да предизвика експлозија на инфекции со Ковид-19.

Властите потврдија 33.750 нови случаи на Ковид-19 и 123 смртни случаи. Во Индија досега се потврдени 1.700 случаи на заразени со сојот Омикрон, соопшти Министерството за здравство.

Приватните и државните училишта ќе го удвојат бројот на центри за вакцинација за деца, а училишните власти мора да им дадат податоци за вакцинација на властите.

Властите во Гуџарат, родна држава на премиерот Нарендра Моди, се надеваат дека ќе вакцинираат 3,6 милиони деца со првата доза оваа недела.

Според проценките на УНИЦЕФ, Индија има најголема адолесцентна популација во светот, околу 253 милиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.