Приближно 12 отсто од канцелариските бироа во Германија остануваат неискористени во текот на работниот ден, бидејќи работа на далечина стана норма по пандемијата, соопшти германскиот истражувачки институт – Ифо.
Тој процент е околу трипати поголем во споредба со 2019 година.
Речиси празни канцеларии се најчести во секторите како што се информатичката технологија, рекламирањето и деловното советување.
Околу четвртина од вработените редовно работат од дома, изјави истражувачот на Ифо, Симон Краузе.
Некои работодавци одлучија да ги претворат своите празни канцеларии во заеднички работни простори кои ги делат со други, додека други ги намалуваат деловните простории за да заштедат на трошоци, вели тој.
Според Краузе, ваквиот тренд може да има последици врз пазарот на недвижности, кој веќе е под притисок на повисоките каматни стапки и трошоците за изградба.
Ифо е институт за економски истражувања на Универзитетот во Минхен и спроведува месечни анкети меѓу неколку илјади германски компании на различни теми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.